Ла Лига ја издвои дриблинг минијатура на Адејеми, фановите на Барса се заљубија во новото крило

Дерби

18/09/2026

10:31

209

Големина на фонт

а а а

Карим Адејеми постигна два гола на натпреварите против Феенорд и Леванте, а својата добра форма ја зачини и со спектакуларно издание против Расинг Сантандер.

Крилниот напаѓач изнуди два пенали и имаше завршна асистенција до Јамал во победата од 7:2, но Ла Лига издвои и една негова минијатура со која само потврди дека игра со огромна самодоверба.

Наместо да исплати 30 милиони евра за Маркус Рашфорд, Барселона реши да инвестира помалку пари за Карим Адејеми и за 22 милиони евра го доведе фудбалерот од Борусија Дортмунд, а ако се суди според стартот, Ханси Флик донесе добра одлука.

Адејеми одлично се вклопува во системот и прикажува извонредни квалитети, па неговите потези не ги оставаат рамнодушни ниту луѓето во Ла Лига.

Покрај стандардните слаломи на кои веќе ги навикна фановите, против Расинг покажа дека знае да се снајде и на мал простор, потег поради кој доби специјален публицитет од Ла Лига.