Меси повторно блескаше и донесе нова титула за Интер Мајами

Дерби

17/09/2026

11:57

201

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси одигра фантастичен меч и му донесе нова титула на Интер Мајами и тоа во Купот на шампионите (Campeones Cup).

Ова е натпреварување, дуел меѓу најдобрите екипи, шампионите на МЛС и Мексико, а тоа во случајов беа Интер Мајами и Круз Азул. Триумфот го однесе клубот од Флорида со славје од 2-0 за кое најзаслужен беше капитенот Меси кој беше директно инволвиран во двете клучни акции.

Се играше 24 минута кога Суарез нафрли, а Лео со удар со глава го отвори резултатот. Ова за Аргентинецот беше јубилеен 100. гол во дресот на Интер Мајами.

Конечните 2-0 беа поставени во 81 минута кога Меси го пронајде Касемиро кој пак ја смести топката на вистинското место.

Со ова МЛС составот го освои петтиот пехар по доаѓањето на Аргентинецот, а офанзивецот пак дојде до бројката од 49. титули во кариерата.