Милан со пораз го започна настапот во Лига Европа и тоа пораз на домашен терен од Бенфика со 2-0.
Калчолигашот залудно ја имаше повеќе топката во свои нозе, испрати повеќе удари од противникот, односно клубот од Лисабон беше подобар во она што е најважно, головите, постигна по еден во двете полувремиња преку Лукебакио и Камински.
- Мислам дека добро се подготвивме за овој натпревар, но ни недостасуваше решителност и цврстина. Сега мора да седнеме со тренерот за да разбереме што тргна наопаку и да се осигураме дека нема да ги повториме истите грешки.
- Многу тимови сега во првото полувреме се проучуваат меѓусебно за да видат како се поставени, но тоа навистина не функционираше за нас во последните натпревари. Немаме изговор, ние сме Милан и мора да постигнуваме голови. Мора да работиме понапорно и да се осигураме дека нема да продолжиме да ги повторуваме овие грешки, - истакна Алексис Салемакерс кој се надева дека ќе го врати своето место во почетната постава.
- Работа е единственото нешто што можам да го кажам, мора да продолжиме да работиме заедно, исто како што јас морам да работам за да го вратам своето место, - подвлече Белгиецот.








