Гогов: Фрустрирани сме, но добро е што знаеме…

Дерби

17/09/2026

10:48

167

Големина на фонт

а а а

Вардар 1961 го загуби и вториот меч во групната фаза во Лигата на шампионите, одново тесен пораз овојпат на домашен терен од Нант со 33:32.

Ова беше драматичен и возбудлив меч во кој „црвено-црните“ можеа да победат, да останат непоразени, но на крајот се оствари најлошото сценарио за нив, пораз во СЦ „Јане Сандански“,

Капитенот на „црвено-црните“, Васил Гогов признава дека овие два резултати носат фрустрации, меѓутоа верува дека истите ќе послужат како лекции за во иднина.

- Честитки за гостинскиот тим и да им се заблагодарам за добриот натпревар.Можам да кажам дека сме малку фрустрирани, бидејќи на два натпревара по ред во Лигата на шампионите сме многу блиску, а сепак сè уште сме далеку од бодовите.

- Сепак, добро е што знаеме дека сме на нивото на најдобрите екипи. Знаеме што треба да правиме и на што треба да работиме. Ќе се обидеме да напредуваме и да бидеме подобри на секој следен натпревар, - порача Гогов.