Реднап „потопи“ еден играч на Јунајтед: Не можеше да ја додаде топката до соиграчот

Дерби

17/09/2026

10:47

170

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед го заврши настапот во англискиот Лига Куп и тоа откако на „Олд Трафорд“ загуби од Брајтон со 3-2.

Домаќините водеа со 2-0 по првите 10 минути и веројатно никој од фудбалерите на Јунајтед, неговите навивачи не можеа да замислат сценарио во кое на крајот губат, но токму тоа се случи.

Инаку Јунајтед од 1976 година немаше пораз на домашен терен на меч на кој води со два разлика, но историјата се повтори и Брајтон го направи тоа што Тотенхем го направи пред 50 години.

Сосема очекувано ќе има критики за „црвените ѓаволи“, а меѓу оние кои први „распукаа“ е Џејми Реднап кој пред се „потопи“ еден од играчите кој влезе од клупа - Џошуа Зиркзе.

-Тие [Брајтон] изгледаа подобро трениран тим, имаа обрасци на игра, па иако днаправија промени, изгледаа како навистина добар тим. Јунајтед ја вклучи својата полиса за осигурување со Бруно и Мејну. Сите мислеа дека можеби ќе можат да влијаат, а всушност тоа ги направи уште полоши.

- Зиркзе влезе и не можеше да му ја додаде топката на својот соиграч. Неверојатно за Брајтон, тие ова го заслужија, - порача Реднап.

Јунајтед го очекува уште еден меч до репрезентативната пауза и тоа против Фулам.