Родри од оваа сезона го гледаме во нова средина, нова лига и тоа во редовите на Барселона, клуб во кој се пресели од премиерлигашот Манчестер Сити.
Тој е огромно засилување за каталонците на средината на теренот, играч кој со својот квалитет, знаење, лидерство треба да биде од огрома помош за тренерот Ханси Флик во обидот да се остварат целите на клубот.
Барса во летниот преоден рок не ги оствари сите трансфер желби, а една од нив беше Хулијан Алварез. Каталонците цело лето го чекаат Аргентинецот кој не доби зелено светло да го напушти Атлетико Мадрид. Родри многу добри ги познава неговите квалитети и верува дека ако Хулија во иднина пристигне на „Камп Ноу“ би бил огромно засилување.
- Дали би го донел тука? Секако. Мислам дека е сензационален играч. Би го донел тука без двоумење. Имав шанса да играм со него две години и мислам дека е неверојатен играч, навистина неверојатен. Тој речиси почесто играше како број 10 отколку како број 9, иако првично доаѓаше од позицијата број 9.
- Но, тој се прилагоди и на улога каде што може да игра како офанзивен играч од средниот ред, плејмејкер, па дури и играше натпревари како централен играч од средниот ред. Тој е навистина спектакуларен играч, - истакна Шпанецот за „Мундо Депортиво“.








