Флик: Нека заврши веќе ова со „Златната топка“

Дерби

16/09/2026

11:37

218

Големина на фонт

а а а

Новинарите не пропуштаат на секоја прес-конференција на Ханси Флик да ја актуелизираат темата за „Златната топка“, па тренерот на Барселона морал да зборува на оваа тема и вчера.

Примарната цел на пресот била најава на дуелот со Расинг, но од Флик било побарано да ја искоментира самоуверената изјава на Ламин Јамал, кој пред два дена истакна дека тој и Мбапе се најдобри играчи, но очекува тој да ја добие наградата.

– Можам да зборувам само за Ламин, не и за Мбапе.

– Јамал е самоуверен и на теренот каде покажува со каков квалитет поседува. Таа самоувереност му помага да ги добива и дуелите на теренот, на крајот на краиштата тој е наш фудбалер и не е погрешно да го поддржам во обидот да дојде до наградата.

– Искрено се надевам дека сето ова нема да има негативно влијание врз нивните настапи, премногу се зборува за оваа тема. Нека заврши ова со „Златната топка“, – порачал Флик.