Еден од клучните моменти на мечот: Двојната одбрана на Димитриевски против Алавес

Дерби

16/09/2026

11:10

225

Големина на фонт

а а а

Валенсија конечно ја забележа првата победа во Примера во оваа сезона и тоа во рамките на шестото коло во кое како гостин беше подобар од тимот на Алавес со 1-0.

Очајно и беа потребни бодови, победа на Валенсија на ова соочување, цел до која на крајот се стигна и еден од најзаслужните за тоа беше нашиот Столе Димитриевски.

Столе ги скроти најважните удари кон неговиот гол, а за истакнување е двојната одбрана која беше одбележана од Ла Лига и самата Валенсија.