НАТО го зајакнува своето присуство во регионот на Црното Море со дополнителни капацитети за надзор, извидување и борба против беспилотни летала, како одговор на безбедносната ситуација во регионот.
НАТО ќе испрати дополнителни капацитети во регионот на Црното Море, вклучувајќи средства за надзор, извидување и форензичка анализа, објави денес портпаролката на Алијансата, Алисон Харт, по состанокот на амбасадорите во Северноатлантскиот совет (NAC), каде што беше дискутирана безбедносната ситуација во тој регион.
Во објава на социјалната мрежа Икс, Харт изјави дека НАТО веќе го зајакнало своето присуство по должината на источниот дел, вклучувајќи ги и капацитетите за борба против беспилотни летала.
„Ќе продолжиме да дејствуваме како едно и да осигуриме дека сме подготвени и способни да одговориме на секоја закана и да заштитиме една милијарда наши граѓани“, рече Харт.








