Екипата на Јувентус го доживеа првиот неуспех во италијанската Серија А во натпреварувачката 2026/2027, пораз на гостувањето кај Сасуоло од 3-2.
Повеќе од една час беше мирно на „Мапеи“, но потоа дојде до вистинска експлозија особено од 82 минута до самиот крај кога паднаа четири погодоци.
Јувентус двапати се враќаше во игра и израмнуваше, потоа тргна да даде и трет гол со што се отвори простор за домаќините кои тоа го искористија и во 94 минута преку Аџиќ дојдоа до трите бода.
- Боли бидејќи тимот можеше да победи на крајот и заслужи да го сврти резултатот, но очигледно ја изгубивме рамнотежата и тоа не требаше да се случи, - изјави тренерот Лучано Спалети за „ДАЗН“.
- Со осум играчи кои одеа напред за да ја нападнат топката, се оставија огромни празнини во одбраната. Сепак, имавме шанси да победиме со 3-2 претходно, па играчите мислеа дека можат да победат, а јас бев тој што ги турна да продолжат и да победат, но можеби ме сфатија малку премногу буквално и сите се придружија во нападот одеднаш.
- Мораме да ги прифатиме позитивните намери да сакаме да победиме по секоја цена и мислам дека тие создадоа ситуации за да го свртат резултатот за сите три бода. Сепак, бевме на крајот и премногу неурамнотежени, оставањето на тие простори е несомнено наша вина, но доаѓа од желбата за победа, додаде Спалети.








