Јувентус го освежи нападот во летниот преоден рок и донесе две звучни имиња кои треба да донесат голови за клубот, а тоа се Рандал Коло Муани и Ник Волтемаде.
Французинот и Германецот се играчи со искуство, играчи кои се репрезентативци или се во најтесниот круг, играчи кои имаат вредност на пазарот, но засега двајцата се мачат и немаат идеален почеток во Торино.
Легендарниот Валтер Ѕенга не верува во ниту еден од нив и смета дека Јуве во моментв нема гол мајстор кој може да испорача по 15 погодоци по сезона.
- Коло Муани не е деветка, таков напаѓач кој може да постигнува 15 гола по сезона, а ниту Волтемаде. Да се помисли дека Арек Милик е повреден две години и сè уште е во Јувентус. Пред сè, да се помисли дека тие имаа напаѓач како Душан Влаховиќ кој замина од причини што не ги знаеме, но кои веројатно се поврзани со неговиот агент и договорот. Теоретски, Јуве има двајца напаѓачи во тимот со потенцијал да постигнат 25-30 гола заедно, -вели Ѕенга кој смета дека тренерот Спалети може да направи изненадувачки потег.
- Не би ме изненадило ако Спалети порано или подоцна извлече зајак од шеширот како што направи во Рома, кога го користеше Франческо Тоти како лажна деветка. Тој сега го нема Тоти во тимот, но тоа може да се случи, -заклучи славниот голман.








