Мицкоски: Донирани се инвертер клима уреди за 500 семејства

Макфакс

11/09/2026

15:30

26

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, истакна дека Владата донира инвертер клима уреди за 500 семејства со цел да им овозможи подобри услови за греење за време на зимата, како и да помогне во намалување на загадувањето.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на доделени ваучери за инвертер клими за повеќе од 500 семејства, изјави:

Изјава на Мицкоски

„Тоа е уште еден проект којшто го реализираше Владата, а тоа е во делот на донирање на инвертер клима уреди за 500 семејства коишто согласно својот социјален статус ги исполнуваат условите за да можат да ги кондиционираат своите домашни простории. Во случајов еве, бидејќи доаѓа грејната сезона да ги загреваат. И ова е дел од проектите и политиката на Владата да поддржува ваков тип на проекти. Тоа е исто така во насока на борбата со намалување на емисијата на штетни честички, односно загадувањето. Така што ние ќе продолжиме и понатаму овие проекти да ги спроведуваме.“