Голема акција на МВР: Во Македонија врие од фалц возачки дозволи, претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија

A1ON.MK

11/09/2026

15:11

258

Големина на фонт

а а а

Врз основа на наредби од судија на претходна постапка, обезбедени по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска се вршат претреси на 32 локации во Скопје, на лица, домови и службени простории во МВР.

Се преземаат и други дејствија заради обезбедување докази поради сомненија за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик, известија истражителите.


– МВР денеска спроведува координирана акција со претреси на повеќе локации поради сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија, потврдуваат од Министерството.


Акцијата е во тек, со цел расчистување на случаите и обезбедување материјални докази.

*Насловна фотографија генерирана со АИ