Мицкоски: Сојузништвото со САД е засновано на доверба

Макфакс

01/10/2026

21:05

298

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски ја потенцира силната врска и довербата помеѓу Македонија и САД, по неговата посета на Генералното собрание на ОН и средбата со американскиот претседател Доналд Трамп.

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија на социјалните мрежи со американскиот претседател Доналд Трамп, по неодамнешната посета на САД и учеството на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

„Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство“, напиша Мицкоски.