Луис Енрике издвоил еден играч по триумфот над Слован: Бев изненаден од неговиот настап

Дерби

10/09/2026

11:30

116

Големина на фонт

а а а

Актуелниот европски шампион ПСЖ вчера ја наполни мрежата на Слован во натпревар од Лигата на шампионите, а Луис Енрике очекувано бил расположен да дели комплименти за своите играчи кои покажаа сериозна мотивација против аутсајдерот.

По натпреварот, шпанскиот стручњак признал дека е задоволство да има толку номирани играчи за „Златната топка“ во својот тим, а истовремено издвоил еден играч кој според него се истакнал со пристапот против словачкиот ривал.

– Денеска најмногу ме изненади Усман Дембеле.

– Каков интензитет, без и со топка.

– Кога го имам ваквиот Дембеле на теренот, за мене е вистинско задоволство да го гледам. Сакам секој ден да покажува идентична амбициозност како вечерва, – рекол Луис Енрике.