Менаџерот на Ренџерс за голот на Миовски: Чекавме долго за потег кој ќе направи разлика

Дерби

10/09/2026

11:18

107

Големина на фонт

а а а

Глазгов Ренџерс не искористи многу шанси на вчерашниот натпревар со Ст. Мирен, домашните фанови трепереа до последните моменти од средбата, па на сцена стапи Бојан Миовски со мајсторски потег и гол за три важни бодови за својата екипа.

Македонецот досега добиваше многу мал простор за игра од менаџерот Дерек МекИнис, вчера влезе во игра дури во 78. минута, но Миовски покажа зошто фановите постојано се изненадени зошто е потценет од актуелниот стручен штаб.

МекИнис по натпреварот морал да признае дека Миовски го спасил неговиот тим од непријатна ситуација.

– Беше вистински криминал што не постигнавме гол во првиот дел, а во второто полувреме ме излудуваше фактот што никако не можевме да ги проиграме напаѓачите за поопасна ситуација.

– Но, голот беше момент за спас. Чекавме долго за еден квалитетен потег и одлучувачки момент и фала Богу Бојан го испорача тоа што ни требаше, – рекол МекИнис.