Александер Зверев повторно играше во доцниот термин на Ју-Ес Опен и повторно излезе како победник за место во полуфиналето на престижниот турнир.
Германскиот тенисер го реши Ботик ван де Зандшулп со 3:0 во сетови и за нешто повеќе од два часа, па сега ќе го очекува следниот предизвик.
Првиот и третиот сет беа експресно решени со 6:2 и 6:1, а единствено посилен отпор фаворитот доби во вториот сет, кој сепак го доби со 7:5.
Зверев во полуфиналето ќе игра против Карим Хачанов, кој по два сета го доби мечот со Блокс, кој истиот го предаде поради повреда при негатива од 2:0.
Во другото, американско полуфинале ќе играат Тиафо и Шелтон.








