Левандовски погоди атрактивно, Меси возврати со асистенција за Касемиро

Дерби

10/09/2026

11:16

96

Големина на фонт

а а а

Чикаго и Интер Мајами го одиграа првиот меѓусебен дуел откако Роберт Левандовски се пресели во МЛС, а на полскиот фудбалер не му требаше долго време да им создаде проблеми на Лео Меси и компанија.

Лошата поставеност во одбраната беше искористена од Левандовски за атрактивен гол уште во 10. минута, по што Интер Мајами беше тимот кој мораше да брка барем израмнување пред рекордната публика на стадионот на Чикаго.

На тоа гостите и актуелни МЛС шампиони мораа да чекаат до 48. минута, кога Меси испрати одлично нафрлување за Касемиро, а Бразилецот постигна уште еден гол за својот нов тим.

По оваа средба, тимот од Флорида има четири бодови повеќе, но и натпревар повеќе од Чикаго.