Питер Шмајхел е еден од голманите кои ја одбележаа послената деценија на минатиов век, голман кој долго време мина на островот и тоа во Манчестер Јунајтед каде ја доживеа најголемата слава, а на залезот на кариерата беше дел од Астон Вила и Манчестер Сити.
Легендарниот Данец и денеска е во тек со случувањата во Англија, Премиер лигата и го имаме како стручно лица, па Шмајхел го издвои играчот кој за него ќе биде засилување на сезоната.
Тој верува дека тоа ќе биде голман пред се поради неговиот квалитет и ниската цена која беше платена за неговите услуги-тоа е Емилијано Мартинез кој од Астон Вила премина во Челси.
- Морам да кажам дека сето ова се луди суми пари и не разбирам како е воопшто можно клубовите да го одржат тоа ниво на инвестиции. Ја гледам листата и единственото име што не го гледам е Еми Мартинез, кој, за мене, би можел да се покаже како засилување на сезоната.
- Тој ги чини само 7,5 милиони фунти, врвен, врвен голман од светска класа. Врвен, врвен, 7,5 милиони фунти. Ако сме збунети околу трансфер пазарот, тоа мислам дека е во основата на тоа како е. Ова беше најлудиот трансфер прозорец, мислам, - порача Шмајхел.








