Пари Сен Жермен лоша ја започна оваа сезона, па по успехот во Супер Купот на Европа против Астон Вила (2-1) каде исто покажа слабости, загуби од Ленс во францускиот Супер Куп по што потфрли на наредните три предизвици во Лига 1.
Против Рен и Лил се спасуваше од пораз откако губеше со 2-0 (на крајот 2-2), додека против Монако иако поведе на крајот загуби на домашен терен од 2-1.
- Минатото е минато и ние мора да ја обновуваме нашата возачка дозвола секоја година. Сите се мотивирани да играат против нас и ние мора да го прифатиме тоа и да излеземе од нашата зона на удобност. Подготвен сум да докажам дека мора да се реинвентираме секој ден, - вели тренерот Луис Енрике кој од друга страна смета дека заслужија да освојат повеќе водови во домашниот шампионат.
- Има работи што треба да се подобрат, но заслужуваме повеќе бодови во француската лига, -истакна Шпанецот кој говореше и за првиот предизвик во ЛШ, соочувањето со Слован Братислава.
- Тоа е најтешкото натпреварување. Колку екипи можат да го освојат? Шест, осум или пет екипи. Разликата е исклучително мала. Се стремиме да имаме многу добар почеток. Ќе играме натпревар што на прв поглед изгледа лесен, но нема лесни натпревари. Мора да го задржиме нашиот фокус, -порача Лучо.
Средбата ПСЖ-Слован е закажана за вечерва од 21 часот.








