Локатели скршен по тешката повреда: Нема да лажам…

Дерби

09/09/2026

11:23

94

Големина на фонт

а а а

Јувентус се соочува со доста проблеми на стартот на оваа сезона, посериозни повреди на клучни играчи кои ќе ги нема по неколку месеци.

На таа листа на играчи кои подолго време ќе ги нема на теренот е додаден и капитенот Мануел Локатели кој мораше да заврши под нож, да му биде извршена операција на коленото.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Локатели ќе може да се врати дури во 2027 година што е сериозен удар за „старата дама“ која во долг временски интервал нема да може да смета и на Јилдиз и Тирам.

- Нема да лажам, нема да користам клишеа овде, очаен сум. Го завршив натпреварот пред некоја вечер и никогаш не очекував дека ќе ме погоди сето ова следниот ден. Операцијата помина добро, а тоа е многу важно. Сега ќе морам да застанам некое време, а боли сознанието дека не можам да им помогнам на моите соиграчи, дека нема да можам да се борам за дресот на Јувентус заедно со нив.

- Ќе биде потребно трпение, но ќе работам на секој можен начин за да се вратам посилен, како што секогаш сум правел. Животот е составен и од овие моменти, од нас зависи како ќе се справиме со нив. Ќе се борам како и секогаш, негувајќи ја секој ден желбата да се вратам на теренот што е можно поскоро. Ви благодарам на сите за вашата поддршка, - порача Локатели на социјалните мрежи.