Сончево и топло, попладне услови за невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи

Макфакс

09/09/2026

07:40

134

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево и топло со услови за развој на нестабилност во попладневните часови, што може да предизвика невреме со силен ветер, пороен дожд и грмежи, особено во одредени области од котлината и во Скопје.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Времето во наредните денови

Денеска и во четврток претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.