Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Макфакс

07/09/2026

12:30

113

Големина на фонт

а а а

Во наредните денови се очекува локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, поради нестабилни атмосферски услови и голема енергија во атмосферата. Слични услови ќе има и во Скопје, каде ќе се менуваат сончеви периоди со нестабилно време.

Во среда и четврток претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.