Градежништвото во второто тромесечје бележи историски највисок раст од 22%, што укажува на засилена динамика во реализацијата на капитални проекти и неговата клучна улога како двигател на економијата согласно изјавата на Александар Николоски.
Градежништвото во второто тромесечје има најголем историски раст од 22 % што покажува дека капиалтните проекти се работат со силна динамика. Со тоа покажуваме дека градежништвото станува основен двигател на економијата, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
“Се работи за исклучително висок раст, којшто не е феномен само за вториот квартал, туку е континуитет уште од минатата година. Ние во 2024 година ги поставивме темелите, ги поставивме проектите и веќе од 2025 -та година гледаме силен раст во делот на градежништвото. Секој квартал е далеку, далеку над она што било просек претходно. Ова е историски највисок квартал, највисоко тримесечје. Вкупно завршени работи се околу 242 милиони евра за само три месеци. Споредено со истиот период минатата година, растот е околу 22%, а и минатата година имаше раст. Така што, навистина градежништвото станува основен двигател на економијата и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период – да реализираме уште доста бројни проекти коишто ќе значат сериозен раст на градежништвото и со тоа на бруто-домашниот производ” – изјави Николоски.








