Илон Маск ѝ честиташе на партијата Алтернатива за Германија (АфД) за убедливата победа на изборите во Саксонија-Анхалт, истакнувајќи ја важноста на соработката и поддржувајќи ги нивните политички активности.
Американскиот милијардер Илон Маск ѝ честиташе на Алтернатива за Германија (АфД) за победата на покраинските избори во Саксонија-Анхалт, откако и во текот на кампањата отворено ја поддржуваше партијата.
„Gut gemacht!“, односно „Добро сработено!“, напиша Маск на својата социјална мрежа Икс, одговарајќи на објавата на копретседателката на АфД, Алис Вајдел, која му честиташе на водечкиот кандидат на партијата Улрих Зигмунд за изборниот резултат.
Gratulation an @UlrichSiegmund und die @AfD_LSA zu diesem sensationellen Ergebnis – der Abend bleibt spannend! pic.twitter.com/3AImZvz4tk
— Alice Weidel (@Alice_Weidel) September 6, 2026
Зигмунд набргу му се заблагодари на Маск за поддршката.
„Ако ја преземеме одговорноста овде, би ја поздравил можноста за силна и конструктивна соработка. Германија повторно би била место во кое вреди да се инвестира“, му одговори Зигмунд.
Според „Дојче веле“, АфД ги интензивираше врските со Вашингтон по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, додека Маск отворено ја поддржуваше партијата и продолжи да поддржува политичари и движења од крајната десница.
АфД, предводена од Зигмунд, убедливо победи во Саксонија-Анхалт со 43,8 отсто од гласовите, но не освои апсолутно мнозинство. ЦДУ заврши на второто место со 17,2 отсто.
АфД повеќе од двојно го зголеми резултатот во однос на изборите во 2021 година, кога освои 20,8 отсто од гласовите.








