Меч кој ќе се памети: Син на холандска легенда постигна два гола како голман и испиша историја

Дерби

07/09/2026

11:06

280

Големина на фонт

а а а

Фудбалот знае да донесе неверојатни ситуации, приказни, па една таква специфична ни доаѓа од Холандија и тоа од првата лига.

Сите фудбалски фанови многу добро знаат кој е Роналд Куман, холанска легенда, икона на Барселона, човек кој му ја донесе првата европска титула на шпанскиот великан, човек кој во играката кариера настапуваше за трите најзначајни клубови во својата земја Ајакс, Феенорд и ПСВ.

Тој до пред некое време беше и холандски селектор, но сега Роналд не беше во фокусот туку неговиот син кој го носи истото име и го носи дресот на Телстар. Помладиот Куман е голман и како таков вчера успеа да даде два гола на првенствениот натпревар со Камбур и со тоа да испише историја во елитната фудбалска дивизија.

Роналд Јуниор даде два гола од белата точка, првиот во 63, вториот во 101 минута за конечни 2-2 и голем бод за домаќините кои играа со играч помалку од 22 минута.

Со ова тој стана прв голман со два посттигнати гола на еден меч во првата холандска лига.