Македонскиот интернационалец, Илија Несторовски продолжува со квалитетните изданија во Хрватска, а новата одлична партија ја круниса со гол во дресот на Славен Белупо.
Клубот од Копривница славеше со 2-1 против некогашниот тим на Александар Трајковски - Локомотива.
Најважните моменти се случија во вториот дел, а директен учесник во еден од нив беше Несторовски кој покажа колку е опасен во казнениот простор, се снајде, се избори за позиција и ја затресе мрежата на готите.
Ова за прилепчанецот е трет сезонски гол на шестиот меч во хрватскиот шампионат.








