Кими Антонели стартуваше од последниот ред на Формула 1 трката во Монца, но на крајот успеа да го освои првото место на трката која има посебно значење за секој возач, а посебно за секој Италијанец кој се натпреварува во овој светски шампионат.
Членот на Мерцедес го искористи и рестартот поради инцидентот на Шарл Леклер и на крајот со подобра стратегија го доби дуелот со Џорџ Расел, потиснувајќи го клупскиот колега на второто место.
Денешниот епилог донесе прва победа за италијански возач по точно половина век, а Антонели запиша и во историјата како победник на Ф1 трка со второ најголемо заостанување во поредокот (19 места).
На пиедесталот место имаше и за Макс Ферстапен, кој извозе одлична трка, оставајќи ги зад себе членовите на Мекларен и Луис Хамилтон.
Норис и Пјастри се најдоа зад водечката тројка, Хамилтон мора да се задоволи само со шестото место, што е потврда за уште едно бледо издание на Ферари пред своите фанови во Монца, каде Леклер многу рано ја заврши трката.
Бодови денеска освоија уште и Гасли, Линдблад, Колапинто и Цунода.
Во генералниот пласман Антонели сега има 66 поени повеќе од Расел.








