[ВИДЕО] Со години јавно „се колеа“ а сега излегоа прегрнати на сцената: „Заслужи малку милост“

Точка

06/09/2026

17:15

278

Големина на фонт

а а а

Раперот Канје Вест повторно успеа да ја шокира својата публика, но овојпат пријатно. Имено за време на својот концерт во Чикаго, во петокот, на сцената го повикал Кид Кади, музичарот со кого со години бил во конфликт.

Вест во својот роден град организирал два настапи, на кои го промовирал својот најнов албум „Bully“. Во тоа му помогнале и колеги од музичката индустрија, меѓу кои и Кади, со кого на сцената ги извел песните „Father Stretch My Hands, Pt. 1“, „Ghost Town“ и „Pursuit of Happiness“.

Канје и неговиот некогашен близок пријател се прегрнале пред сите и на тој начин покажале каков е нивниот однос денес. Нивното помирување беше целосно неочекувано, со оглед на тоа што јавно се скарале во 2022 година, кога Вест ги отстранил придонесите на Кади од својот албум „Donda 2“.


Вест исто така бил вознемирен поради пријателството на Кади со Пит Дејвидсон, кој во тоа време бил во врска со поранешната сопруга на Вест, Ким Кардашијан.

Кади исто така јавно го изразил гневот што тогаш го чувствувал кон Вест. „Со сета должна почит, јас не сум Дрејк, кој следната недела ќе се фотографира со него и повторно ќе му стане пријател, па нивниот конфликт ќе биде надминат. Јас не сум таков. Кога ќе кажам нешто, навистина го мислам. Кога ќе завршам со тебе, тогаш навистина е крај. Ќе биде потребно е**но чудо за тој човек и јас повторно да станеме пријатели. Не гледам дека тоа ќе се случи“, изјавил раперот, кој се оддалечил од Вест и поради неговите антисемитски испади, величењето на Хитлер и негирањето на Холокаустот.

Во меѓувреме, Вест се извинил за своето претходно однесување и изјавил дека сето тоа било предизвикано од неговите манични епизоди.

Кид Кади сега изрази сосема поинакво мислење за Вест и застана во негова одбрана откако настапи со него. Тој рекол дека секој „заслужува малку милост“ и истакнал дека Вест искрено се извинил.


Кади, одговарајќи му на радиодиџејот Питер Розенберг, кој на Икс напишал дека е „разочаран од многу луѓе“ откако Вест пред една година ја објави песната насловена „Heil Hitler“, истакнал:

„Ја разбирам твојата фрустрација, Питер. Те ценам, но искрено, не ми е баш грижа ако си разочаран од мене. Тој човек е мој брат. Ти немаш со него однос каков што имам јас. Речиси две децении уметничка соработка и пријателство. Ти не си семејство. Затоа разбирам. Бев кај Је и искрено можам да кажам дека разговорот со него сега е ист како кога првпат потпишав договор со него, само уште подобар. Со години се бореше со проблеми со менталното здравје, а сега е добро. Секој заслужува малку разбирање кога станува збор за семејството. Јас бев построг кон него од кој било друг. Го повикував на одговорност за неговите постапки. Тој се извини и извинувањето беше искрено. Но, како што реков, ти не си семејство, па затоа разбирам“.

Концертот во Чикаго ја означи првата средба на Вест и Кади откако во 2018 година го објавија заедничкиот албум „Kids See Ghosts“, а следната година заедно настапија на Коачела. Покрај Кади, со Канје во петокот настапиле и Лупе Фијаско, Тревис Скот, Биг Шон, Комон, Јанг Таг, Рик Рос, Дон Толивер, 2 Чејнз и Чиф Киф.