Луис Енрике го менува пристапот на ПСЖ за дербито со Монако

Дерби

04/09/2026

13:39

140

Големина на фонт

а а а

ПСЖ не ги постигна посакуваните резултати на почетокот на сезоната во француското првенство, а тренерот Луис Енрике решил да го промени пристапот за денешното дерби со Монако.

Актуелниот француски и европски шампион досега правеше многу ротации, односно тренерот се обидуваше да ја распредели минутажата на повеќе играчи од ростерот, одморајќи дел од ѕвездите и посебно оние кои имаа долго лето со настап на светското првенство.

Но, ПСЖ на ваков начин се спасуваше од порази, а сега конечно ќе игра на домашен терен и со помош на фановит ќе треба да покаже дека и натаму е број еден во Франција.

Малиот проблем на Квича Кварацхелија го прави единствен играч со кој Луис Енрике ќе биде повнимателен и веројатно ќе го остави на клупата, додека сите останати првотимци предводени од Усман Дембеле треба да се најдат на теренот од првата минута.

Шпанскиот стручњак може да си дозволи вакво нешто не само поради квалитетниот ростер, туку и поради фактот што неговиот тим во првото коло на Лигата на шампионите ќе има послаб противник во Слован.

ПСЖ досега освои само два бода на две средби, на кои бркаше два гола негатива, а Монако веќе има шест бодови.