Ник Кирјос предизвика мал шок на тениската сцена со суспензијата поради позитивен допинг тест, односно потврденото користење на кокаин.
Австралискиот тенисер мораше да признае дека самиот направил голема грешка и дека се кае за тоа, но на крајот излезе и дека единствениот удар го заработил само на својата репутација.
Кирјос ја прифатил понудата од Светската анти-допинг агенција за суспензија на еден месец за користењето кокаин во ноќен клуб во јуни, што значи дека таа веќе е одработена и тој комотно може да се врати на тениските турнири.
Контроверзниот Австралиец играл меч на турнирот во Мајорка само два дена по конзумирањето кокаин, а агенцијата во негова корист го земала предвид фактот дека забранетата сусптанца е употребена надвор од неговите вообичаени тениски активности.
Притоа, Кирјос приложил и фактура за платен третман во специјализирана клиника, за на крајот да прифати спогодба слична на тие на Јаник Синер и Ига Швјонтек за кои испрати многу јавни критики и тврдеше дека го уништуваат интегритетот на тенисот.








