Министерството за социјална политика започна со исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2026 година, овозможувајќи им на корисниците да ги подигнат средствата преку банкомати, продажна мрежа или директно во банките.
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска, 4 септември, започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2026 година.
Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.








