Ришарлисон е единствен од фудбалерите кои најавија разделба со Тотенхем, а се уште не пронашле ангажман, па Бразилецот има уште малку време да си најде нов клуб за веќе започнатата сезона.
Менаџерот Роберто Де Ѕерби уште претходно призна дека добил информација од напаѓачот дека сака да замине, а во целиот развој на настаните, сега е потврдено дека Ришарлисон нема да биде во комбинација за настап во новото премиерлигашко коло.
Италијанскиот стручњак го прецртал напаѓачот за кого има високо мислење, но и за кого веќе обезбеди замена во Омар Мармуш од Манчестер Сити, па Ришарлисон е веќе историја за фановите на Тотенхем.
Бразилецот имаше неуспешни преговори со Евертон, а сега најблиску до неговиот потпис е Трабзонспор, иако во игра се и клубови од Саудиска Арабија, со напомена дека во овие две земји преодниот рок е се уште отворен.
Ришарлисон дојде во Тотенхем од редовите на Евертон во 2022 година.








