Ираола вклучи тројца повредени играчи на списокот на Ливерпул, Киеза извиси за ЛШ

Дерби

04/09/2026

10:58

148

Големина на фонт

а а а

Европските клубови ги потврдуваат официјалните списоци со фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап во лигашката фаза на европските купови, а дел од играчите добиваат разочарувачка вест поради големите ростери со кои располагаат одредени учесници.

Таков е примерот и со Ливерпул, чиј менаџер Андони Ираола морал да пресече и да елиминира неколку докажани имиња, за кои немало место на списокот од 25 играчи, во кои мора да се вметнат и дел од фудбалерите од сопствената академија.

Шпанскиот стручњак решил да ги вметне на списокот повредените Конор Бредли, Џовани Леони и Уго Екитике и тоа на сметка на Федерико Киеза и Ватару Ендо кои нема да играат во Лигата на шампионите.

Киеза и Ендо не се во прв план кај Ираола, Италијанецот во моментов дури има и мала повреда, а сега добија јасна порака дека менаџерот не ги планира за ЛШ, дури и во ситуација кога е неизвесно кога повредената тројка ќе може да им помогне на „црвените“.

Ливерпул ја започна европската сезона веќе на 9. септември со дуел против Атлетико Мадрид.