Лејди Кити Спенсер, внуката на покојната принцеза Дијана, на својот Инстаграм сподели редок увид во приватниот живот, објавувајќи моменти од семејниот одмор со својот сопруг милијардер, Мајкл Луис.
Семејството го поминувало времето на плажа во Хемптонс, каде што 35-годишната манекенка уживала во друштво на својот 67-годишен сопруг и нивната тригодишна ќерка Атена. Таа сподели трогателни снимки од сопругот и ќерката, додека тој ја држел во морето, а брановите ги заплискувале.
На другите фотографии од објавата, малата Атена ставала зеленчук во својата кошница додека била во продавница со мајка си, ја полевала градината полна со жолти и портокалови цвеќиња и цртала по прозорците на нивната куќа за одмор.
„Најслаткото лето во Хемптонс“, напиша Спенсер.
Инаку, таа ретко споделува моменти од приватниот живот бидејќи го чува подалеку од очите на јавноста, па затоа оваа објава ги воодушеви нејзините следбеници. Кити последен пат споделила фотографија од својот сопруг во 2024 година, кога го прославувала роденденот во Кејптаун.

Кити е ќерка на братот на Дијана, Чарлс Спенсер и манекенката Викторија Ејткен, а има и сестри близначки, Лејди Елиза Спенсер и Лејди Амелија Спенсер, сестра Лејди Лара Спенсер, како и двајца браќа, Луис Спенсер и Самуел Ејткен.
Таа го запознала бизнисменот Луис преку заеднички пријатели во 2018 година, а наводно тој ја запросил во 2020 година, пред Божиќ. Парот се венчал на 24 јули 2021 година, на раскошна тридневна прослава во вилата Алдобрандини во Фраскати, Италија.
Амбасадорката на „Долче и Габана“ на свадбената церемонија носела пет фустани од модната куќа, специјално изработени по нарачка. Нејзината главна венчаница била слична на фустанот што нејзината мајка го носела на својата свадба во 1989 година.
Малата Атена се родила во тајност во 2023 година, а јавноста дознала за нејзиното раѓање дури една година подоцна.












