Две птици слетаа на мрежата, Медведев збесна откако судијата го прекина поенот во чуден момент

Дерби

03/09/2026

12:10

115

Големина на фонт

а а а

Данил Медведев вчера обезбеди нова побед на Ју-Ес Опен, но повторно на негов меч се случи една несекојдневна ситуација, по која дојде и неговата секогаш интересна реакција.

За време на мечот меѓу Русинот и Себастијан Горзни, две мали птици слетаа на мрежата среде поен и останаа така додека двајцата тенисери разменуваа удари.

Судијата на стол не го прекина поенот веднаш, туку во моментите кога Медведев испрати винер, а Горзни возврати со непрецизен удар, што ќе значеше поен за Русинот. Но, судијата побара поенот да биде преигран, а тоа очекувано го разлути Медведев.

– Ова е една од најлошите одлуки кои сум ги видел во целиот живот.

– Кога птиците слетаа мислев дека судијата ќе го прекине поенот. Тој не реагираше и јас си реков, добро, продолжуваме да играме до крај, а тој потоа го прекина поенот во моментот кога исправи винер. Неверојатно, – рекол Медведев.