Лаутаро Мартинез не ги разочара фановите на Интер, па и во новата сезона ќе го предводи актуелниот италијански шампион, но вчера признал дека летово морал да одбие понуда од Барселона.
Шпанскиот клуб се сврте кон капитенот на Интер откако не успеа да го обезбеди потписот на неговиот сонародник Хулијан Алварез, но во случајот со Лаутаро, фудбалерот бил тој кој одбил да реализира трансфер во Каталонија.
Неколку дена интензивно се шпекулираше дека Барса притиска за ангажман на Лаутаро, за сега фудбалерот сам да потврди дека навистина добил понуда.
– Шпекулациите беа точни, но јас имав јасна идеја за иднината.
– Сакав да останам со овие соиграчи и фантастични навивачи. Ќе останам до крајот на кариерата, односно се додека клубот смета сум му потребен.
– Знаеме како функционираат работите, кога веќе не си потребен, те испраќаат на друго место, но мојата желба е искрена и е поврзана со гордоста и среќата кои ми ги дава Интер, – рекол Лаутаро.








