Манчини: Италија и натаму е во Топ 10 репрезентации во светот

Дерби

03/09/2026

11:04

111

Големина на фонт

а а а

Роберто Манчини е еден од италијанските селектори кои доживеаја разочарување на плејоф натпреварите за пласман на светските првенства, а неговиот неуспешен обид да ги врати „азурите“ на мундијалите беше инициран од македонскиот шок во Палермо.

Манчини сега повторно доби шанса да ја води Италија и во вчерашното интервју потенцирал дека очекува многу подобри денови и враќање на успешните денови на националниот тим.

– Имаме квалитетна репрезентација со некои интересни имиња меѓу помладите фудбалери.

– Наредниов период можете да очекувате и некои новитети, но сметам дека Италија и натаму е во Топ 10 репрезентации во светот.

– Среќен сум поради играч како Пио Еспозито. Го освоивме европското првенство со напаѓач како Чиро Имобиле, кој тогаш играше за екипа која беше на шестото или седмото место во првенството, а сега имаме напаѓач кој е првотимец на шампионот Интер.

– Да не го заборавиме и Кеан, а се радувам и што имаме играчи кои се развиваат во Премиер лигата, како Кајоде, Калафиори, Палестра и Тонали. Тие ќе ни донесат дополнителен квалитет, – рекол Манчини.