Аргентинците најавија специјален викенд: Секој натпревар ќе биде прекинат во чест на Меси

Дерби

03/09/2026

10:45

114

Големина на фонт

а а а

Аргентинската фудбалска асоцијација реши да го одбележи простувањето на Лионел Меси од националниот тим, изразувајќи благодарност за она што лидерот на репрезентацијата го даде за својата земја изминатите години.

Меси пред неколку дена соопшти дека веќе нема да настапува за актуелниот светски вицешампион, а во асоцијацијата оправдано сметаат дека треба да се направи нешто во чест на големата ѕвезда.

Според предвиденото сценарио, сите натпревари од сите различни категории кои ќе се играат викендов во Аргентина, ќе бидат прекинати во истата минута (поточно во единаесеттата минута, односно кога на семафорот ќе се појави бројот 10), па сите актери на теренот и публиката ќе можат со овации да изразат благодарност за придонесот на Меси во националниот тим.

Асоцијацијата веќе испратила писмо до сите клубови со кое тие добиле инструкции за најавениот потег, а паузата која ќе трае една минута, треба да биде одбележана и на натпреварите во футсал и фудбал на плажа.

Предвидената минута за правење пауза е поврзана со бројот на дресот кој го носеше Меси, а тој се повлече од националниот тим како рекордер според бројот на настапи и бројот на постигнати голови.