Американци убија 227 луѓе во рации против наводни шверцери на дрога

Макфакс

03/09/2026

08:40

196

Големина на фонт

а а а

Во изминатата година САД извршија 68 напади врз бродови осомничени за трговија со дрога во Пацификот и Карибите, убијќи 227 лица, во рамки на операцијата „Јужно копје“ која има за цел да го намали шверцот на дрога долж американскиот континент.

САД убиле 227 лица во напади врз бродови за кои се сомнева дека се занимаваат со трговија со дрога во Пацификот и Карибите во изминатата година, според податоците на американската војска.

Вкупно 68 напади се извршени како дел од операцијата „Јужно копје“, која сега е стара точно една година, изјави портпаролот на Јужната команда на САД (SOUTHCOM). Тројца осомничени шверцери на дрога се спасени, додаде тој.

Министерството за одбрана на САД ја започна операцијата „Јужно копје“ по налог на претседателот Доналд Трамп, во обид да се справи со трговијата со дрога долж американскиот континент.

Претставник на американската влада изјави во вторникот дека трговијата со дрога на Карибите се намалила за дури 65 проценти како резултат на операцијата. Бројката не можеше да се потврди независно.

SOUTHCOM повеќе пати информираше за смртта на осомничени трговци со дрога од почетокот на операцијата, редовно објавувајќи снимки од смртоносни напади.

Останува во голема мера нејасно каде точно се случуваат нападите и врз која законска основа. Критичарите се прашуваат дали нападите, извршени во меѓународни води, се дозволени според меѓународното право и дали трговците со дрога биле цел во сите случаи.

САД, исто така, ја наведоа борбата против трговијата со дрога минатата година за да го оправдаат своето значајно воено присуство покрај брегот на Венецуела, иако земјата се смета за транзитна рута, а не за производствен центар, особено за дрога наменета за европскиот пазар.

Кратко потоа, американските сили го заробија долгогодишниот венецуелски лидер Николас Мадуро.