Дел од Центар денеска без вода

Макфакс

03/09/2026

07:14

240

Големина на фонт

а а а

Од ЈП Водовод и Канализација соопштија дека денеска дел од општина Центар ќе остане без водоснабдување поради дефекти на водоводната мрежа, со определени прекини во различни улици и периоди.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе останат:

· поради дефект на приклучна цевка од ф -150 мм, на улицата Дана Стуцки бр.18 (населба Центар). Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисници: дел од булеварот Гоце Делчев, дел од Македонска телевизија, и населба Крњево, општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

· поради поради уличен дефект од ф 6/4 од улицата Коле Неделковски бр.5 (Центар). Со прекинато водоснабдување ќе бидат потегот од Градски парк до Влада, и од Илинденска до Стадион, општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.