Кога насилството има публика, продолжува да се шири: Како го спречив син ми да прави булинг?

Точка

02/09/2026

16:07

98

Големина на фонт

а а а

Мојот син учествуваше во булинг на едно дете. За тоа дознав кога мајката во група напиша дека неколку деца му прават булинг на нејзиното, дете. Прават разни фотографии со ликот на нејзиното дете и ги споделуваат. Таа не ги наведе имињата на децата. Па јас и пишав во порака да прашам дали и моето дете е едно од децата кои го закачале. Таа во приватна порака ми потврди дека син ми учествува во малтретирањето..

Секако шокирана од ова го седнав моето дете и му кажав дека не е во ред да го прави тоа. Јас му зборувам, а потоа и сопругот, а тој со огромен отпор како да не допира до него, ни вели вие не го знаете него: Тој носи долга коса и лежи на клупа. Видно изнервирана со повисок тон го прашав ,,Што ти е тебе гајле што прави некој,, Секако убедувањата траеја, со посочување на последиците од таквиот булинг дека може детето да си наштети себеси од тага, дека тоа само пробува да се вклопи и оти сака да го прифатат. 

Кога видов дека син ми не сака да ме послуша, решив да се јавам на мајката на уште едно од децата кои учествувале во булингот. И замислете што ми вели таа: Јас не верувам во таа приказна, и тој (жртвата )е малку неарен! Среќа жената повеќе не се пожали дека детето трпи булинг, а мојот син изгледа на крајот се вразуми. Сега детето кое трпеше булинг му е другар. Можеби син ми беше помал и незрел и не ја сфаќаше сериозноста на ситуацијата, но за мене изненадување беше мајката на едно од децата која го оправдуваше синот што правеше булинг, не дека нејзиниот прави булинг, туку детето жртва е криво што го предизвикува. Не е дека работите се црно -бели, но затоа сме ние родителите да спречиме какво било девијантно однесување. 


Навредите меѓу децата се честа појава, ова е само еден пример. Некогаш ненамерно, некогаш несвесно но се случува децата да навредуваат, и прават булинг. Дури и да се сведоци на булинг, да молчат и со тоа да го поддржуваат. А кога тоа се снима и споделува на интернет, да кулминира.

Податоците покажуваат дека ова не е изолиран проблем. Според истражувањето на Светската здравствена организација за Европа, околу едно од шест деца на училишна возраст доживеало сајбернасилство, а околу 11% од адолесцентите биле жртви на врсничко насилство во училиште. Во Северна Македонија, пак, речиси сите млади на возраст од 15 до 24 години секојдневно користат интернет, а според национална U-Report анкета на УНИЦЕФ, секој трет млад испитаник изјавил дека бил жртва на сајбернасилство, најчесто преку навреди, омаловажување, социјални мрежи и чатови.

Токму затоа иницијативата на Македонски Телеком „Скрши го кругот на насилството. Не биди публика“ е повеќе од потребна. Таа се реализира во партнерство со Министерството за образование и наука и има јасна едукативна цел: младите да научат како да препознаат насилство, како да не го поттикнуваат со молчење, снимање или споделување и како да побараат или дадат поддршка кога некој е повреден.

Што значи „не биди публика“?

Едукативната порака на кампањата е јасна: насилството не започнува и не завршува само со оној што навредува. Во кругот често влегуваат и сведоците – оние што гледаат, коментираат, лајкуваат, снимаат или препраќаат. Дури и кога нема лоша намера, таквата реакција може да ја зголеми штетата врз детето што е нападнато.

Затоа „не биди публика“ значи да се направи свесен избор: да не се споделува навредлива содржина, да не се охрабрува насилството со смеа или коментар, да се пријави кај возрасен, да се поддржи врсникот што е повреден и да се помогне разговорот да се прекине пред да прерасне во јавна повреда.


Министерството за образование и наука за подршка работи на создавање национални стандарди за училишта без насилство. Стандардите ќе воспостават единствена рамка и јасни критериуми за безбедна училишна средина, а ќе следува и едукација на наставниците, стручните служби и ученичките заедници за нивна примена во пракса.

Како дел од заложбата за побезбеден дигитален свет, Телеком ја креира апликацијата Safe Family, која им помага на родителите и децата да останат поврзани и посигурни. Таа ќе се надградува со нови функционалности за дополнителна заштита и поддршка на семејствата.

За родителите и наставниците, ова е потсетник дека дигиталната безбедност значи и разговори за емпатија, одговорност и последиците од зборовите на интернет. Децата треба да знаат дека не се сами и дека пријавувањето закани, навреди или понижувачка содржина е начин да се запре насилството.

На крајот, најважно е секое дете да знае дека не е само. Дека зад екранот секогаш стои човек кој може да биде повреден, но и човек кој може да помогне. Со овие активности и партнерства, Телеком испраќа јасна порака дека побезбеден дигитален свет се гради заедно – со повеќе емпатија, поголема одговорност и подготвеност да се реагира кога некој е изложен на омраза или насилство.

Истовремено Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ, преку долгогодишното партнерство, продолжуваат да градат побезбеден дигитален простор за децата и младите. Преку младинското движење „Нет без хејт“, што го водат млади од 13 градови, ќе се реализираат активности за врсничка поддршка, едукација на родители, детски правобранител во училиштата, дигитални содржини и прирачник за превенција во училишта и заедници низ Македонија.