[ФОТО] Британската блогерка која патува низ светот не ги крие импресиите од македонскиот туристички бисер: „Повторно се вратив за да уживам во убавината“

Точка

01/09/2026

18:57

63

Големина на фонт

а а а

Охрид уште еднаш успеа да ја воодушеви популарната блогерка и страствена патничка Кортни Леопард, која по вторпат го посети македонскиот туристички бисер и своите импресии ги сподели со илјадниците следбеници кои ги следат нејзините патувања низ светот.

Кортни е креаторка на популарниот профил „She Travelled the World“, преку кој со години ги документира своите авантури, открива интересни дестинации и споделува фотографии и видеа од места што оставаат посебен впечаток. Нејзината љубов кон патувањата ја има однесено на различни страни од светот, а меѓу дестинациите што повторно ѝ се најдоа на патоказот е и Охрид.


Овојпат, блогерката повторно прошета низ охридските улички, уживаше во погледите кон езерото и ги овековечи препознатливите глетки на градот. На своите социјални мрежи таа сподели низа фотографии и видеа од престојот, а Охрид го опиша како прекрасно место покрај езеро, издвојувајќи ги неговите импресивни православни манастири и кристално чистата вода.

„Еднодневно патување од Тирана до Охрид 🇲🇰🐟⛵️🍦⛱️

Охрид е прекрасен град покрај езеро, познат по своите прекрасни православни цркви и манастири, кристално чистата вода и неверојатните погледи кон езерото. Го посетив за првпат во 2019 година, а сега повторно се вратив за да уживам во убавината на Охридското Езеро“, напиша таа под фотографиите кои ги објави на социјалната мрежа Инстаграм.


Токму комбинацијата од природни убавини, богата историја и препознатливата архитектура е она што Охрид го прави привлечен за странските туристи, но и за голем број светски патници и креатори на содржини кои сакаат да откриваат помалку познати, но впечатливи европски дестинации.

За Кортни, пак, патувањето одамна не е само одмор, туку начин на живот.


Популарната русокоса е родена во Велика Британија, а десет години од своето детство ги поминала во Австралија. Уште од најрана возраст имала можност да живее во различни средини, а љубопитноста и желбата да запознава нови места и култури постепено прераснале во голема страст кон патувањата.

Пресвртницата во нејзиниот живот се случила во 2016 година, кога го направила своето прво патување со ранец. Тогаш посетила неколку европски земји – Франција, Швајцарија, Италија и Грција, а токму ова искуство ѝ покажало колку многу може да ѝ понуди светот доколку се осмели да излезе од добро познатото.


Соло патувањата станале нејзина голема страст. Кортни почнала сè почесто да патува сама, да открива нови места и искуствата да ги споделува со својата онлајн публика.

Така се родил и нејзиниот блог „She Travelled the World“, кој со текот на времето прераснал во платформа преку која таа не само што ги документира своите патувања, туку и ги инспирира другите да се осмелат да го направат првиот чекор и самите да го запознаат светот.