Шампионот има нов тренер: Познат е наследникот на Фабијани на клупата на Вардар

Дерби

02/09/2026

12:06

84

Големина на фонт

а а а

Аргентинскиот стручњак Кристијан Фабијани експресно ја заврши приказната со Вардар и во меѓувреме „црвено-црните“ беа во потрага по стратег кој ќе има задача да го извлече најдоброто од овој состав на актуелниот првак на Македонија.

Во јавноста се споменуваа неколку имиња, а на крајот изборот падна врз 58-годишниот стручњак од Црна Гора - Миодраг Божовиќ.

Се работи за искусно, проверено име, тренер кој има водено многу клубови во кариерата, работено во повеќе земји како Кипар, Србија, Русија, Црна Гора, Аџербејџан, Иран, а меѓу другото со успех ја водеше Црвена Звезда.

Популарниот Гроф потпиша договор до 2028 година.

Инаку Вардар има очаен старт на кампањата во ПМФЛ и веќе по 5 кола заостанува осум бода зад Шкендија.