Општина Карпош: Нови клупи и корпи за отпадоци на кејот на Вардар

Макфакс

02/09/2026

11:21

97

Големина на фонт

а а а

Општина Карпош во соработка со Град Скопје постави нови клупи и корпи за отпадоци на кејот на реката Вардар, со цел подобрување на урбаната инфраструктура и поставување на примери за одговорно однесување кон јавните добра.

На барање на Општина Карпош, Град Скопје деновиве постави клупи и корпи за отпадоци долж пешачката патека на кејот на реката Вардар, во делот на локалната самоуправа, на потегот од хотелот „Александар Палас“ до „Железниот мост“, во населбата Влае.

„Со оваа акција, се подигнува степенот на квалитетот и квантитетот на урбаната опрема и урбаната инфраструктура на територијата на локалната самоуправа, во една од најзначајните и најфрекфентните рекреативни зони во градот.

Оваа иницијатива претставува пример за одличната меѓуинституционална соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје, кои до сега соработувале во повеќе ситуации. Во оваа пригода апелираме до сите граѓани, на совесно и одговорно однесување и чување на урбаната опрема и урбаните реквизити, како наше заедничко урбано и јавно добро“, велат од Општина Карпош.