Линекер „омекна“ и го промени ставот за трката за пехарот во Премиер лигата

Дерби

02/09/2026

08:20

70

Големина на фонт

а а а

Англичаните знаат да направат драми и да удрат фокус на некои непотребни прашања, односно да претераат со некои теми како што е борбата за пехарот во Премиер лигата.

Иако сме на самиот старт, поминати се само две кола веќе на големо се говори за тоа кој ќе ја освои титулата со тоа што Арсенал сите го ставаат на врвот дури и како апсолутен фаворит.

Гери Линекер беше еден од славните асови кој сметаше дека „топчиите“ ќе се прошетаат и со намалку десет бода пред вториот ќе ја освојат титулата, но се одлучи да го промени ставот пред се по изданијата на Манчестер Сити и Челси, два клуба кои исто стартуваа со по две победи.

-Минатата недела прoгнозирав дека Арсенал ќе триумфира со 10 бодови разлика – се предомислив. Мислам дека Сити и Челси би можеле да бидат блиску, но не сум се предомислил за титулата. Сепак мислам дека Арсенал мора да биде фаворит, -порача Линекер.