Флик за новото име во Барселона: Ќе биде одлично засилување…

Дерби

01/09/2026

12:25

177

Големина на фонт

а а а

Барселона рутински се справи со Рајо Валјекано (5-2) и го задржа 100 процентниот учинок во шпанската Примера.

Ова за каталонците беше трет триумф по оние против Елче и Атлетик Билбао и во добро расположение ќе го дочека гостувањето кај Столе Димитриевски и Валенсија, средба на „Месталја“ која може да биде незгодна без разлика на тоа што домашниот тим нема добар старт на кампањата.

Останува да се види дали за тој меч во комбинација ќе биде новото засилување Габриел Жезус, напаѓачот кој изненадувачки пристигна од Арсенал. Тренерот Ханси Флик за првпат имаше можност да го искоментира трансферот и потписот на Бразилецот за кого верува дека ќе биде сериозно освежување.

- Габриел е топ напаѓач. Може многу да придонесе. Се враќа од повреда и мислам дека е добро. Разговарав со него. Беше изненаден. Ми се допаѓа, неговиот стил, како игра… се вклопува во нашиот стил. Тој е одлично засилување, Деко заврши фантастична работа, - истакна Германецот.