Ги надмина Халанд и Мбапе: Јамал со рекорд во најдобрите лиги во Европа

Дерби

01/09/2026

11:08

113

Големина на фонт

а а а

Барселона иако покажа одредени дефанзивни слабости успешно го реши предизвикот Рајо Валјекано славејќи со 5-2 за три од три во шпанската Примера, учинок кој го има само уште Реал Мадрид.

Ламин Јамал и Рафиња беа најдобрите играчи на каталонците на „Камп Ноу“ со тоа што „десетката“ со учинокот од два гола испиша историја на најголемата сцена.

Тој дојде до бројката од 50 голови, ги надмина Ерлинг Халанд и Килиан Мбапа, поточно стана најмладиот фудбалер од кој било клуб во петте најсилни европски лиги. Јамал дојде до оваа бројка со 19 години и 49 дена што е фантастично ако се земе предвид на пример Лео Меси кој ова до направи со 21 година.