Сити извиси за Гакпо, па експресно купи фудбалер на Евертон

Дерби

01/09/2026

07:49

349

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити неколку дена имаше договор со Ливерпул за трансфер на Коди Гакпо, но ривалскиот клуб се премисли во финишот на преодниот рок и реши да го повлече Холанѓанецот од трансфер листата.

Сити остана без договорениот трансфер кој требаше да биде тежок 80 милиони фунти, па реши експресно да пазари во Евертон, од каде го доведе Илиман Ендиаје.

Медиумите најавуваат дека Сити ќе плати 65 милиони фунти за сенегалскиот крилен напаѓач, од кои 5 милиони фунти се во вид на бонуси кои допрва треба да се активираат.

Ендиаје требаше да се пресели во Тотенхем како дел од индиректната размена во која Ришарлисон ќе заминеше во спротивна насока, но Бразилецот ги искомплицирал преговорите со поранешниот клуб, со што пропадна и „размената“ на офанзивни играчи.

Ливерпул пак реши да не го продава Гакпо се додека не обезбеди соодветна замена, односно покрај веќе потврдениот Баркола да доведе уште еден офанзивен играч, а тоа не успеа да го направи изминатите денови.