Поранешниот светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на последниот грен слем во оваа календарска година и тоа во почетната рунда каде беше елиминиран од Маријано Навоне.
Новак важеше за огромен фаворит на ова соочување во Њујорк, меѓутоа се соочи со доста проблеми, проблеми кои не успеа да ги реши и Аргентинецот со 3-2 во сетови се пласираше во наредната фаза на Ју-Ес Опен.
Ова е нов удар за Србинот кој веќе некое време не е истиот тенисер, се обидува да се натпреварите, меѓутоа годините си го прават своето, формата која го красеше повеќе ја нема и се повеќе се соочува со физички проблеми.
Негативниот резултат против Навоне и испаѓањето во првото коло, нешто што не му се случило две децении на грен слем сцената ќе му донесе и сериозен пад на АТП листата каде нема повеќе да биде топ 10 тенисер.
Тој влезе во турнирот како петти на планетава, но сега на „лајв“ пласманот е веќе единаесетти со можнот да продолжи да „лизга“ во зависност од резултатите на играчите што му дишат по неговиот врат.
Ѓоковиќ ќе биде надвор од Топ 10 за прв пат по осум години, последен пат тоа му се случи во јули 2018 година, кога беше рангиран на 21-во место.








